Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ се збогати со нови три тениски терени и повеќенаменско игралиште кои свечено во употреба ги пуштија градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, директорот на Агенција за спорт и млади , Марјан Спасески и директорот на Јавнотото Претпријатие, Ристе Мишев.
– Повеќе од три години наназад заедно со Владата и Агенцијата за спорт и млади остваруваме проекти кои се од суштинско значање не се замо спортот туку и целокупниот развој на општеството во Охрид. На новите игралишта ќе спортуваат и рекреираат многу млади деца и возврасни, а бенефит ќе имаме ние сите заедно. Секако, ова треба биде мотив што помасовно да се спортува во Охрид бидејќи сите знаеме што значи спортот во животот. – рече градоначалникот, Никола Бакрачески.
Тениските терени и повеќенаменското игралиште се дел од многуте остварени проекти на Општина Охрид и Агенција за спорт и млади. – Домаќинското работење во последниве десеттина години овозможи да изградиме безброј терени ширум Македонија, а посебно во Охрид. Секогаш, наша прва цел беше инфраструктурата која е најбитна алка во спортот. – истакна Спасески.
Првиот човек на ЈП, Билјанини Извори, Ристе Мишев потенцираше дека со новите игралиште за тенис, кошарка, ракомет и фудбал јавното претпријатие добива нова димензија односно побогата понуда за спорт во Охрид.
OhridNews