Со мала свеченост во присуство на активни и поранеши спортски работници од Охрид, беа пуштени во употреба новите простории на Општинскиот фудбалски сојуз на Охрид. Просторите се сместени во поттрибинскиот простор на градскиот стадион во склоп на СРЦ “Атина Бојаџи“.

Најголемиот дел од средствата за реновирање на просториите се обезебедени од средствата со кои клубовите партиципираат во Општинскиот фудбалски сојуз, на име на регистрации, брисовници и сите пропратни работи кои клубовите ги уплаќаат на сметка на сојузот. Со незначителен дел од средствата учествуваше и Општина Охрид и Фудбалската федерација на Македонија. Иако беа уредно поканети тие не се одзваа на нашата покана да присустуваат со нас – рече Тони Иваноски, член на УО на ФФМ.


Актуелниот претседател на ОФС Охрид, Димче Попоски го истакна значењето на овој простор кој е отворен за сите спортски работници во Охрид.   – Сојузот како и секогаш ќе биде отворен за сите. Очекувам овој реновиран простор овде да биде спортски дом и за идните генерации – посочи Попоски.


Ние треба да сме среќни што имаме вака уреден простор каде ќе може да ги оствариме нашите средби. На почетоците на фудбалот во Охрид, ние немавме свои простории и мака мачевме да ги оствариме неопходните состаноци,сега тоа нема да биде никаков проблем – рече највозрасниот меѓу присутните Димче Стојкоски – Лепи.

М.П.