Министерот за здраство Бујар Османи ги пушти во употреба новоизградените амбуланти во струшките села Мислодежда и Франгово, дел од проектот на Министерството за изградба на амбуланти во руралните планински подрачја во земјава.

Тој истакна дека граѓаните од овие населени места повеќе нема да мора да патуваат во Струга што некогаш ги чинеше и пари и здравје.

– Се надевам дека со овие амбуланти ќе ги доближиме услугите до граѓаните, бидејќи достапноста до услугите е еден од главните приоритети на Министерството за здравство. Некогаш реагирањето во потребната минута значи живот за овие граѓани. Лекарот и медицинските сестри што овде ќе работат ќе бидат во служба на овие пациенти за сите нивни потреби, рече министерот за здравство.

Министерството ќе ги опреми амбулантите од овој проект со мебел и со неопходната опрема, посочи министерот за здравство Бујар Османи.

Ohridnews