Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), од денеска официјално во продажба ги пушти билетите за историскиот натпревар на македонската фудбалска репрезентација против Косово во рамките од плејофот во Лигата на Нации.

А репрезентацијата, на 26 март на домашен терен во Скопје ќе го пречека Косово во полуфиналниот натпревар од баражот. „Црвено жолтите“ со голема поддршка од трибините ќе атакуваат на победа и пласман во финалето. Таму, ако успеат да поминат Косово, ќе ги очекува подобриот од вториот полуфинален натпревар помеѓу Белорусија – Грузија.

Билети за Македонија – Косово можат да се купат онлајн на страницата „MKTickets“. Охриѓани покрај онлајн  билети можат да набават во Туристичката агенција „Глобус“, која се наоѓа наспроти главната филијала на Стопанска банка.

ФФМ, информира дека билетите ќе бидат персонализирани и едно лице ќе може да купи само една карта со важечки личен документ. Влезница за јужната и северната трибина од Националната арена „Тодор Проески“ ќе се продаваат по цена од 300. и 400. денари.

OhridNews