Фудбалската федерација на Македонија преку „Mk Tickets“, официјалниот партнер за продажба на билети, започна со продажба на билети за натпреварите на македонската А репрезентација против Грузија и Гибралтар закажани за 9 и 12 јуни на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во рамки на групата од УЕФА Лига на нации.
Влезниците се продаваат по цена од 250 денари за северната трибина, 250 денари за блоковите 1, 2, 5 и 6 за јужната трибина и 350 денари за централните блокови 3 и 4 од јужната трибина на Националната арена „Тодор Проески“.
Билетите од источната трибина се ставени на располагање за гостински навивачи.
Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација да им бидат поддршка на „Рисовите“ за важните натпревари против Грузија и Гибралтар од Лига на нации, апелираат од ФФМ.
Влезници може да се набават и на билетарата на источната трибина на Националаната арена која ќе биде отворена за купување на билети на денот на натпреварите од 10 часот.
OhridNews