Новата компресорска станица за хируршките клиники во комплексот клиники „Мајка Тереза“ денеска официјално беше пуштена во употреба.

Успешно решаваме сериозен проблем во секојдневното функционирање на оперативните сали во комплексот клиники. Монтирани се три нови компресори со потребната придружна опрема за снабдување на оперативниот блок, согласно стандарди на европската фармакопеја, вели министерот за здравство Арбен Таравари.

Вкупната вредност за набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компримиран воздух на комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје изнесува 21.2 милиони денари.

OhridNews