регионот на Охрид и Струга по пат на јавно-приватно партнерство.
Вкупната моќност на петте хидроцентрали зад чија изградба стојат „Фероинвест“ и МЈП Проаква“изнесува три мегават часови или 14 илјади мегават часови електрична енергија.
„При нивната изградба поставени се нови два примарни цевководи со вкупна должина од 15 километри, од кои 12 км во струшкиот регион и 3 км во охридскиот регион. Од особено значење е тоа што капацитетот, односно протокот на вода за пиење низ цевководите во струшкиот регион е зголемен за двапати“, рече Кочо Анѓушев, директор на „Фероинвест“.
Овие хидроелектрани се први изгради кои се во рамки на стратегијата за обновливи извори според која до 2020 година , 20 отсто од електричната енергија треба да биде од обновливи извори.
„Не само што долгорочно, значително го унапредуваме квалитетот во снабдувањето со природна изворска вода на населението, туку штедиме и електрична енергија, а со тоа и финансиски средства, што за локалната заедница би значело годишна заштеда од 100 до 150 илјади евра, затоа што повеќе не треба да ги вклучуваме пумпите на црпење за вода од езерото и за нејзино прочистување“ рече Бранислав Трпчески, директор претпријатието „Проаква“.
Со проектот локалните заедници на Охрид и Струга ќе остварат дополнителни финансиски придобивки од функционирањето на малите хидроелектрани, во наредните 40 години ќе добиваат по 31 отсто од остварената добивка од работењето на хидроелектраните во Охрид и 18 отсто од добивката на хидроелектраните во струшко.
Анѓушев најави и изградба на осум мали хидроцентрали кои се дел од владиниот проект кои би требало да бидат готови до 2012 година.
извор: „Макфакс“