Централните банки во еврозоната од денеска во оптек пуштија нова банкнота од 50 евра која е потешка за фалсификување. Новата 50-ка би требало да им ја отежне работата на фалсификаторите.

Банкнотата од 50 евра, мерено според бројот на банкноти, и натаму е најважната евро-банкнота. Околу 46% од сите евро-банкноти се 50-ки. Досегашните банкноти од 50 евра во оптек се повеќе од 20 години и се вбројуваат меѓу најфалсификуваните банкноти воопшто. Околу 60 проценти од сите „уловени“ фалсификати биле банкноти од 50 евра.

По банкнотите од 5, 10 и 20 евра, банкнотата од 50 евра е четврта банкнота во оптек од т.н. „Серија Европа“. Новите банкноти од 100 и 200 евра се очекуваат на почетокот на 2019 година.

OhridNews

DW