Деновиве во употреба е пуштена новата фонтана на плоштадот Македонија во Скопје. Станува збор за површинска, таканаречена сува фонтана (џампинг џет), на просторот меѓу фонтаната „Воин на коњ“ и влезот во Камениот мост.

Фонтаната има правоаголна форма, со димензии 20 на 10 метри и вкопано армирано-бетонско корито. Површината врз армирано-бетонското корито е изработена од светлосиви гранитни плочи со димензии 60 на 60 сантиметри и со дебелина од 10 сантиметри. На плочите од фонтаната поставени се ЛЕД светилки со отвори за вградување млазник. Фонтаната ја сочинуваат 128 млазници со 128 светилки.

OhridNews

извор Макфакс