Во Кина бил пуштен во употреба најдолгиот мост на светот кој минува преку море. Бил долг 42 километри, минувал преку заливот Дијаозу и ги спојувал пристаништето Квингдао со островот Хунгдао. Кинеската државна телевизија објавила дека мостот е широк 35 метри, а неговата изградба чинела повеќе од 1,5 милијарди долари.


Во понеделникот биле завршени сите тестирања на носечките конструкции и тунелите кои минувале под морето, па мостот бил пуштен во употреба. Имал повеќе од 5000 носечки столбови, а изграден бил за четири години. Според гинисовата книга на рекорди, најдолгиот мост преку море до сега се наоѓал во американската сојузна држва Луизијана, а бил пократок од кинескиот за нешто повеќе од четири метри.