Пуштен уште еден притворен во случајот со убиството на српскиот турист во Охрид
28.11.10 07:45
Од истражниот затвор Скопје, вчера е пуштен охриѓанецот Ѓоко Наумоски, обвинет за помагање по извршено кривично дело во случајот со убиството на српскиот турист Дејан Новаковиќ, што ова лето се случи во Охрид. Наумоски, кој инаку е вработен во кабарето „Куба либре – Хавана“, од синоќа се наоѓа во куќен притвор, каде веројатно ќе остане до почетокот на судскиот процес, дознава OhridNews од извори на одбраната. Таа верува дека во текот на постапката ќе се докаже невиноста на Наумоски, кој во притвор мина точно три месеци.
Претходно Обвинителството се откажа од понатамошно кривично гонење на Јане Шокароски, Петар Шенгулоски, Борче Чулукоски и Јован Ѓорески, сите од охридско, за кои немало докази дека биле инволвирани во убиството на Новаковиќ. Тие на 12-ти ноември беа пуштени од притвор, каде до судењето остануваат Митре Костоски и Илче Јоноски, двајцата од Охрид, кои заедно со Драган Ѓорѓевиќ, српски државјанин, кој е во бегство, се товарат за убиство на свиреп начин за што законот предвидува казна затвор од 10 години до доживотен затвор.
На 27 август српскиот државјанин Дејан Новаковиќ (34) беше убиен во тепачка во центарот на Охрид. Веднаш по инцидентот беа притворени седум лица од Охрид, за подоцна четворица од нив да бидат ослободени од понатамошно кривично гонење, едно ќе одговара за прикривање докази, додека за убиството се обвинети три лица, од кои едно се уште не е достапно за органите на прогонот.
Судскиот процес за убиството на српскиот турист се очекува да биде закажан наскоро.
Центарот за хербализам, туризам и одржлив развој БИЛКИЛАЈФ, ги прогласи најдобрите три бизнис идеи на натпреварот за најдобри бизнис идеи за социјално претприемништво, во рамките на проектот „Едука...
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2025 година изнесува 49 870, од кои 368 % се домашни туристи, а 632 % се странски туристи Бројот на ноќевањата во ...
Вкупно 11 лица се приведени во вчерашната акција на МВР спроведена во координација со ОЈО за ГОКК Врз основа на обезбедени наредби од Основен кривичен суд извршени биле претреси на повеќе локации н...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.