Како голем талент и фудбалска надеж од Бразил се пресели во Реал Мадрид. Популарниот Сисињо беше еден од ретките фудбалери кој не се снајде на „Сантијаго Бернабеу“ во времето на „галактикосите“. Главна причина за неуспехот во „кралскиот клуб“ биле пороците односно секојдневното конзумирање на алокохол и цигари во големи количини.

  • Почнав да пијам на 13 или 14 години кога бев во Ботафого. Тогаш ми рекоа дека пивото е добро и го пиев во мали количини. Како што одминуваше времето пиев се повеќе. Кога потпишав за Атлетико Минеиро и за Реал Мадрид подоцна имав пари и конзумирав други алкохоли. Во тие моменти почнав и да пушам. Пушев кога пиев, а пиев секој ден. Значи не водев воопшто грижа за себе. – изјави Сисињо.

Бразилецот во Реал Мадрид се задржа само една сезона. Потоа се пресели во Рома како позајмен фудбалер, но повеќе минуваше на клупата или на трибините, отколку на теренот. Во родната земја без некој посериозен успех и далеку од очите на јавноста ја заврши кариерата.

OhridNews