Долгогодишното конзумирање на марихуана може да доведе до намалување на важните делови од мозокот до 12 проценти, објавиле австралиски научници од Универзитетот во Мелбурн.
Деталните снимки на мозокот на 15 испитаници, кои во текот на изминатите 20 години, пушеле најмалку по 5 цигари со марихуана дневно, покажале дека Хипокампусот им е помал за 12, а амигалот за 7 проценти од 16 испитаници кои не пушеле марихуана.
Хипокампусот го регулира помнењето и емоциите, амигалот игра улога со справувањето со стравот и агресијата. Оние кои пушеле марихуана лошо поминале и на тестовите за меморија, кои од нив бараше да запомнат 15 зборови.
„Овие резултати го доведуваат во прашање раширеното верување дека пушењето марихуана има мало или никакво влијание на мозокот“, рекол еден од научниците.
15-те испитаници кои пушеле марихуана имаат просечна старост од 39 години и не конзумирале други дроги.