Неколку земања чад од цигара може во рок од 15 минути до половина час да предизвика генетско оштетување поврзано со карцином, покажа една американска студија

Американските научници изјавиле дека ефектот е толку брз што е ист со инјектирање материи директно во крвотокот, што како што е наведено во студијата е „јасно предупредување“ за пушачите.

Ова е прва студија спроведена врз луѓе за да се утврди како супстанциите содржани во тутунот предизвикуваат оштетување на ДНК, а ги објави специјализираниот магазин Цхемицал Ресеарцх ин Тоџицологѕ кој го издава Американското здружение на хемичари.

Во истражувањето учествувале 12 пушачи а научниците ги испитувале дејствувањата на полицикличните ароматски јагленохидрати (ПАХ) кои се создаваат при горењето на тутунот, дрво или јаглен, а може да се најдат и во месото кое се пече на скара.

Посебно било следен хемискиот спој на фенатренот во крвта на пушачите при што е забележено дека се создава отровна материја за која од претходно е познато дека предизвикува мутации на ДНК кои може да предизвикаат карцином, се наведува во студијата.

„Пушачите развиле максимални нивоа на овие материи во временскиот термин кој ги изненадил и научниците, само за 15 до 30 минути откако учесниците во истражувањето испушиле една цигара“, пишува меѓу другото во објавениот труд.

„Овие резултати треба да послужат како јасно предупредување на оние кои имаат намера допрва да почнат да пушат“, изјавил раководителот на истражувањето, Стивен Хечт.

Инаку од карцином на белите дробови секоја година умираат околу три илјади луѓе во светот, а 90 отсто од овие случаи му се припишуваат на пушењето.

OhridNews
извор: „Макфакс“