Истражување спроведено во Велика Британија покажало дека на пушачите побавно им заздравува коската после фрактура.

Пушењето има голем број негативни последици, а истражување спроведено на британскиот универзитет Линколн, додава на листата уште еден голем недостаток – потешко заздравување на коските.

Во истражувањето се собирани примероци од матични клетки задолжени за заздравување на коските од пушачите и непушачите кои имале скршеници на коските на нозете, а се покажало дека матичните клетки собирани од непушачите биле поквалитетни од примероците на пушачите.
За работата да биде уште полоша за пушачите, матичните клетки на непушачите биле поактивни, значително побрзо се делеле и со самото тоа биле поделотворни.
Од друга страна, кај пушачите штетното влијание од цигарите ја поттикнувало активноста на молекулите кои имаат негативно влијание на клучните процеси во матичните клетки, што на крај довело до долго време на заздравување на коските.

извор: metro-portal.hr