Страствен пушач случајно ги запалил пиротехничките средства за огномет во автомобилот додека се возел со пријателот. Францис Странко (28) од Централ Фалс, е уапсен бидејќи поседувал пиротехнички средства. За среќа, никој не бил повреден по спектакуларната претстава.
Полицаецот Давид Јозеф го видел автомобилот на сред пат, а од него излегувал голем чад и мирис на огномет. Странко на испитувањето признал дека пушел кога се запалиле ракетите под неговата нога. Неколку сведоци виделе како во паника ги фрла од автомобилот пред да стигне полицијата.