Монографската збирка „Пулсот и времето“ на Ана Јовковска ќе биде промовирана утревечер во кафе барот „Аквариус“ во Охрид.

Оваа книга е креативна збирка на разговори со јавни личности, интелектуалци, писатели, актери, уметници, професори, дипломати и политичари.

Рецензенти на книгата се: Ферид Мухиќ, Венко Андоновски, Никола Ристановски, Дејан Дуковски, Елизабета Шелева и Александар Прокопиев.

Книгата која е во издание на Силсонс – читателскиот клуб на Матица претходно беше промовирана во Скопје, Велес, Тетово и Штип, а според најавите вечерва ќе биде промовирана и во Струга.

OhridNews