Викендов , во Галеријата на Центарот за култура „Григор Прличев“ беше отворена самостојна изложба на фотографии од охриѓанецот Стевчо Наумоски, насловена „ Пулс на животот“.
Изложбата се состои од 18 црно-бели диптих фотографии, каде секоја приказна е пренесена преку две поврзани фотографии кои создаваат една засебна целина. На ваков начин, Наумоски успеа да направи паралела помеѓу животните циклуси кај човекот/жената (Младост, Зрелост и Старост) од една страна и четирите класични елементи (Вода, Воздух, Земја, Оган и додадениот петти елемент – Небо/Душа) од друга страна.
Настанот започна со прозно читање на делови од првата збирка раскази на Мерсиха Исмајлоска, „Нова приказна“, кои на сличен начин прават паралела помеѓу трите животни циклуси, испреплетени со мотиви на навидум неспоивите, Истокот и Западот. Изложбата ја отвори познатиот охридски академски сликар Славко Упевче.
Изложбата ќе биде отворена и во наредните десет дена.
OhridNews