Репрезентативецот на Америка, Кристијан Пулишиќ официлано беше промовиран во нов член на Челси. Офанзивниот играч на преставување меѓудругото изјави дека Премиер лигата е предизвик за секој фудбалер и шанса да докаже дека и американците знаат дека играат фудбал.
- Играњето во Англија за мене значи исполнување на сонот. Ова е неверојатно чуство. Сакам да покажам и докажам дека и американците знаат да играат фудбал и можат да градат успеси со својот тим. Челси е клуб со шампионски менталитет и потребно е јас да се вклопам во системот и да се радуваме на многу успеси. – изјави Пулишиќ.
20-годишниот фудбалер со хрватско потекло на Стемфорд Бриџ се пресели од Борусија Дортмунд во трансфер вреден 58 милиони фунти. Неговото доаѓање се поврзува со заминување на Еден Азард, кој е голема желба на Реал Мадрид.
OhridNews