Шампионската прослава низ улиците во Торонто за освојување на првата титула во НБА лигата не помина мирно и без инциденти.

Како што пренесуваат медиумите од САД и Канада во текот на прославата во самиот центар во градот слушнати биле пукотници. Полицијата веднаш го изолирала случајот и  пријави дека четири лица во друг инцидент се повредени од кои две потешко но не се во животна опасност.

На улиците во Торонто имаше стотици илјади симпатизери на клубот кој во финалето го совлада Голден Стејт со 4-2. За „рептилите“ ова е прва титула во клупската историја и затоа адреналинот помеѓу симпатизерите се кренал највисоко.

OhridNews