Пред околу еден месец во непосредна близина на музичкото училиште „Методи Патче“ започна да истекува вода од шахта. Веројатно се работи за помал дефект предизвикан од пукање на водоводна цевка, но дали е тоа или се работи за неков друг проблем не е познато бидејќи никој не доаѓа да го санира.Оттогаш наваму низ улицата кај музичкото секојдневно се сливаат големи количини вода.

И малите дефекти треба да се санират, затоа што малиот проблем оставен за утре станаува голем проблем, коментира наш сограѓанин кој живее во близина на музичкото училиште. Ние само би додале дека ниту многу побогати земји од нашава не се расфрлаат со вода како ние.

Во обид да ги разбудиме надлежните еве уште неколку фотографии од местото на дефектот.


ситен дефект еден месец чека на поправка

фото: Васко Бујароски