На пресекот на улиците Димитар Влахов и Македонски просветители пукната е цевка од водоводната мрежа.

Станува збор за поголем дефект. Службите на МЈП Проаква се на терен и интензивно  работаат  со цел дефектот, што поскоро да биде саниран.

Од ова јавно претпријатие информираат дека нема прекин на водоснабдувањето на околните објекти.

Ohridnews
слики: Васко Бујароски