Нешто пред 10 часот поради дефект на водоводната мрежа дел од бул. „Туристичка“ остана без вода за пиење. Најверојатно се работи за  пукната цевка за што сведочи големата количина вода која како река се слева на булеварот во близина на хотелот „Дончо“.


река вода се слева по „Туристичка“

Автомобилите внимателно со мала брзина поминуваат низ водата а пешаците за да го преминат булеварот мора да го заобиколат малото езерце.


возачите внимателни да не им згаснат автомобилите среде вода

Сето ова се случува на високи температури што претставува проблем за екипите за интервенција на јавното претпријатие за водовод, но пред се за граѓаните и бројните туристи кои утрово останаа без вода. Екипи на „Проаква“ брзо интервенираа  на терен по што водоснабдувањето на овој дел од градот со вода се стабилизараше.

Г. Момироски