Охриѓани славеа со 5:1 (2:1), со головите на Наум Џалески, Филип Митрески, Шенол Меди, а на два пати мрежата на гостите ја затресе и најдобриот стрелец во првенството Игор Клечкароски.
Со оваа победа охриѓани ја задржаа предноста на табелата пред 11-ти Октомври, од три бода, односно Тиквеш од кого „белите“ бегаат четири бода.
Вториот охридски второлигаш, Охрид Лоте, утре му гостува на Влазними со што ќе се комплетира 16-то коло во Втората фудбалска лига.