Мост од мраз кој поврзуваше леден гребен со површина колку Јамајка и остров на Антарктикот пукна, што предизвика уште поголема загриженост кај научниците.

Научниците сметаат дека овој колапс би можел да значи дека гребенот  Вилкинс е на прагот да се оттргне заради глобалното затоплување. Гребенот долг 40 километри се повлекува уште од деведесеттите години, но ова е првпат да изгуби една од врските кои го држат на своето место. Иако ова нема големо влијание врз нивото на морето, научниците се загрижени зашто овој простор претрпел огромно затоплување во изминативе 50 години.


Вилкинс е еден од десетте гребени кои се смалија или срушија во текот на последниве десет години поради големото затоплување. Островот кој овој мост го поврзуваше со копното за прв пат во историјата стана навистина остров. Уривањето на мостот, кој во 1950 година беше висок 20 а широк 100 километри, би можел да им овозможи на морските струи да стопат голем дел од островот.