Еминентниот ирски паб „Dublin“, вчеравечер, го прослави своето четири годишно постоење. Покрај одличната услуга на персоналот, овај локал е познат и по добрата забава за која вчеравечер се погрижија дечките од Прилеп под името „Four“, вистински погодок како избор од страна на менаџментот на „Dublin“. Не изостана ниту роденденската торта со која беа послужени гостите од страна на „славеникот“.

Забавата беше на завидно ниво со прекрасно расположение на гостите, но и целиот персонал кој беше во полн состав за овој свечен ден за најпосетениот паб во нашиот град. За своето 4 годишно постоење „Dublin“ го посетиле над половина милион гости кои биле забавувани од над 100 домашни и странски бендови.

Големата посетеност се должи на прифатливите цени, квалитетната понуда, беспрекорната услуга, како и умешното работење на менаџерскиот тим на „Dublin“.

И покрај тоа што овие 4 години работата на пабот е на високо ниво, сопственикот Алек вети уште понапорна работа и подигнување на квалитетот како на услугата, храната, пијалоците, особено на пивата кои се нудат, така и на забавата, посебно во летниот период. Тајната за упехот и она што не очекува во периодот пред нас Алек не ни го откри, но не се сомневаме дека сето тоа ќе се реализира.

Среќен роденден „Dublin“ и од сите вработени во www.ohridnews.com вашиот партнер во маркетингот.

OhridNews