Стружанка пријавила пукање врз нејзината куќа на втори јануари годинава.

М.Ш. (1955) пријавила во полициската станица во Струга дека  во нејзината куќа лоцирана на улицата „Славеј Планина“ во периодот од 31 декември 2008 до 2 јануари 2009 година е  испукан проектил  од огнено оружје од страна на лицето Н.Н.

За време на пукањето во куќата немало присутни лица. Проектилот е пронајден  на вториот кат од куќата во дневната соба.

Екипа од полициската станица во Струга извршила увид а проектилот е обезбеден за вештачење. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

извор:МВР