Околу 21:25 часот, во средата во Полициската станица Дебар, од страна на лицето Ш.П. жител на Дебар, пријавено е пукање со огнено оружје кон неговата куќа во центарот на градот.
По извршениот увид на екипи на ПС Дебар, утврдено е дека 1 проектил од пиштолска муниција го пробил и оштетил прозорското стакло и таванот од кујната на третиот спрат. Вториот истрелан куршум завршил во фасадата од семејната куќа во која биле присутни сопругата од пријавителот и неговата ќерка кои не се повредени.
По преземените мерки од страна на полициските службеници утврдено е дека можен сторител е лицето Б.П. жител на Дебар кој е приведен во ПС Дебар и одземен му е неговиот пиштол што го поседувал со дозвола.Од него земени се парафински ракавици и извршено е алкотестирање кое покажало присуство на алкохол во крвта од 0,92 промили.
СВР Охрид и ПС Дебар преземаат дополнителни мерки за целосно расветлување на случајот.
ohridnews