Американските телевизиски куќи минатата недела прејдоа на дигитално емитирање на своите програми и преку ноќ ги исклучија аналогните сигнали.

Истото го направија и кабелските компании кои ја згаснаа аналогните програма и на своите корисници им доставија уреди за прием на дигиталниот сигнал.


Иако општ заклучок е дека преоѓањето на дигитална телевизија поминало во најдобар ред, за некои постапката сепак не им била безболна. Еден 70 годишник од Мисури, пукал во својот телевизор бидејќи не можел да го вклучи дигиталниот приемник кој го добил од својот кабелски оператор.

Мажот бил уапсен, а судејќи од изјавата на неговата сопруга, имал проблеми со алкохолот.