Во еден руски секс-шоп дошло до пукање од огнено оружје. Пукал, како што велат руските медиуми, маж кој бил лут затоа што таблетите за потенција кои ги купил во таа продавнице не дејствувале.
Бесниот маж влегол во продавницата во предградието на Москва и барал да му ги вратат парите за таблетите кои ги купил оттаму.
Продавачката одбила да му ги врати парите, па тој пукал во неа и ја повредил.