Финската полиција соопшти дека денеска дошло до пукање во училиште во градот Вантаа, во близина на Хелсинки. Во инцидентот има повредени, а осомничениот за нападот е уапсен.

Пукање се случило во училиште во областа Виертола, во градот Вантаа, соопшти финската полиција. Полицијата го уапсила осомничениот за пукањето, а има и повредени, се додава во соопштението.

Полицијата е на лице место и врши увид. Се замолуваат граѓаните да бидат подалеку од областа и во затворен простор. Вратите не треба да се отвораат за странци, се наведува во полициското соопштение.

Вантаа има околу 250.000 жители и е дел од пошироката област Хелсинки. Финскиот јавен радиодифузен сервис Иле известува дека во училиштето работат околу 90 лица.

OhridNews

фото. МИА/Х