Пудлица со име Чучи ги сопрела авионите на бостонскиот аеродром Логан, каде при истоварот успеала да побегне од кафез.

Портпаролот на меѓународниот аеродром изјавил дека поради кучето доцнеле 8 летови во саботата, а потерата по неа траела цели 17 часа.


Полицајци, пожарникари, електричари и друг персонал од аеродромот по пистата и хангарите ја бркале Чучи, поради што летовите доцнеле по неколку часа.

Уморна, преплашена и прегладнета пудлицата била фатена со помош на храна дури во неделата напладне.