Австралискиот тенисер Ник Кирјос ја освои титулата на турнирот во Акапулко во Мексико. На турнирот од АТП серијата 500, Кирјос во финалето го совлада Александар Ѕверев во два сетови (6-3, 6-4) за точно 92 минути игра.

Целиот турнир во Акапулко помина во знакот на Кирјос. Австралиецот во осминафиналето го елиминираше шпанскиот тенисер Рафа Надал, кој го критикуваше за однесување. Во четвртфиналето Кирјос го помина Стен Вавринка, а во полуфиналето славеше против Џон Изнер.

Кирјос не беше омилен кај навивачите на турнирот и на одредени моменти беше исвиркуван. Зачудувачки, Кирјос не им возврати, туку ги поздрави и не дозволи да го декоцентрираат.

  • Се надевам дека ќе бидам пример за помладите генерации. Кога некој е во ситуација каде нема излезе нека се сети на мене. Јас често сум бил во такви ситуации. Турнирот беше добар, натпреварите исцрпувачки, но сега се` се заборава. – изјави Кирјос.

Титулатата од Акапулко ќе му донесе напредок на АТП рејтинг листата и Кирјос ќе се најде на 31-та позиција.

OhridNews