Во рамки на манифестацијата „Топол културен бран“ поддржана од Министерството за култура во организација на општина Охрид, на плажата „Куба Либре“ како дел од проектот „Летен џез караван“ свој музички перформанс изведоа Симон Киселички трио и групата Sethstat.
– Во насока на зголемување на културната понуда на градот преку ваквите настани сакаме на граѓаните да им понудиме вистинско уживање во богатата културна понуда, која Секторот ТЛЕР при општина Охрид неколку години наназад ја збогатува со низа содржини во делот на уметноста и културата. Годинава започна како пилот проект, а се очекува во иднина истиот да прерасне во „Охридски џез фестивал“, истакна раководителот на Секторот ТЛЕР, Ѓоко Апостолов, на стартот на караванот.
Летниот џез караван во „Куба Либре“ продолжува вечерва, каде со почеток во 21 часот настап ќе имаат Кабадаjас и Гоце Стефкоски квинтет.
OhridNews