85…..90…95….100 , зад мене пред мене никој. Бааараааам. Дал ти теквит на ова игра шо ја игравме ко дечишта. „Криш миш“. Јас мислам најубата игра во време на комунизмот. Ем интересна , ем се растрчвевме и искрено да ти кажам ептем ефикасна. З`ш види….во то време јаки беа пасачите. Така ги викавме тие шо бараа. Абре не беа пасачи баш беа најџвачи, откривачи.

Не ќе ојдеше 5 минути и одма бре ќе почнеа да ги најџвет кријачите. Ти скриј се негде зад кола и само слушаш: Пту Никола, Пту Сашко….и крај. Елајте си браќа. Одма ги откриваа тие шо се криеја. Ама то беше во комунизмот. Сега во ова повеќепартизмот и демократијава, не дека не се играт ова игра, ама пасачиве, да не речема откривачиве, се дробискојна. Баш се пасачи. Пасат. Трева.

Ти не стигнат ни до 25…30…35….абре сите февга и ела најди ги. Пример Никола, Сашко…кој да е де ….викам пример…. струјааааа. И овие не да ги барет баш пасет. Абе санќим слама пасет. Санќим волој се. И пази…тогаш све беше искрено, поштено….немаше меѓу пасачот и кријачите договори ова она дрн дрн јарина. Сега тук ќе чуеш: Сашко скрисе ти зад колана, ќе те остам последен и јас џо ќе одам подалеку, џо подолго ќе пасам, сено, јонџа шо било и џо не те приметвам ти излегвиш од под браник и оп: Пту за Зоки, пту за мене, пту за Сашко, пту за Никола, пту за……спас за мене спас за сите. Ееее то беа времиња не сега.

Немаше тогаш менвење мислење, промрквење. Еднаш вака, еднаш така. Ене на пример види го онај шо чистеше снег пред некоја недела. Абре онај шо случајно во чистење го начекаа 37 телевизии. Еднаш велит се договорија да се скријат, еднаш велит се договорија да го пљукнат, да го најдат. Не ми теквит как се викаше….онај бе другарите шо му се посраа, а тој сега имат потрошено 10 тона г`с папир и уште немојт гомнејнците да им ги забришит.

А се трудит. Мада како ќе ги забришите ко беа тони и тони гомнејнци и све е бре то засушено. Закораено. Едино да зејт шлајферица само да внимават дан им ги збричит чмаројте. Тие се најбитни кај сегашниве играчи на „Криш Миш„. З`ш ако пак почнет да игрет ќе им требет истите чмарој з`ш пак ќе се просеравет….ам то им е работа.

Мада за све крив е Синг Цу Фиуни. Абре онај чуварон на магацинон на КанСино за вакцините. Се шпекулират дека нашиве не се способни да ги набават ама не е баш така. Се работит за двострана неспособност. И на Синг како магационер и на Трпе како набавувач. Трпе незнајт англиски, а кинезот не знајт дебрчки. И тоа е целата кочница. Никако да го договорет терминот за преземање з`ш Синг имат фарма за љиљаци и неколку пати денот ојт им палит светло. Шпекулации.

Исто се шпекулираше и за Сашко. Наводно се кријал сакал да избегат, па џо Кољо му пуштил кола без гепек, па немал каде и се предал. Дрцки. Јас дознав од Биљанини извори дека чоекот беше неарен и имаше некој стомачен вирус и како и цело време на власт и тие 3 дена се просераваше. И ај да те видам чуј го ѕвончето ко го барал тој шо пасел? Додуша детето викало: Ооооо татоооо те бараааееееет. Ама овај пак пусти се скостил од повраќајнци и гомнејнци и не чул. Ко излегол од кенеф се зачудил ко му кажале дека го барет. Сакото на него и си тргна ко за на пазар и се предаде.

Молим? Оф….извини. Морам да одам. Ме викнаа да пак да пасам. Мада не ми е тешко. 30 години го прам то ……85….90…95….100….пред мене….

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите