Околу 30 птици угинале во црноморскиот романски град Констанца, како што било утврдено, од труење со алкохол. Директорот на локалната ветеринарно-санитарна инспекција, Ромеу Лазар, рекол дека причината за смртта на птиците била утврдена по анализата на содржината на нивните желудници.
Се претпоставува дека птиците се отруле откако јаделе остатоци од грозје кое било употребено за правење ракија. Жителите на Констанца ги алармирале властите бидејќи откриле група од 30 мртви птици, стравувајќи дека тие угинале од птичји грип. Овој случајс е случил истовремено со сличните извештаи од светот за масовно угинувње на птици и риби во САД, Шведска, Велика Британија и Јапонија.