Авион на јапонската крајбрежна стража за малку не доживеал несреќа кога за време на летот во него удрила прица, соопштиле јапонските власти. Бомбардерот DHC8-315 летал на висина од 300 метри над Кинеското Море кога еден албатрос удрил во него. Од јачината на ударот на предниот дел од авионот се отворила дупка со ширина од еден метар.
И покрај тоа што мртвата птица останал заглавена во дупката, пилотот успеал да продолжи да лета уште еден час и безбедно да го спушти леталото на островот Исигаки, недалеку од Тајван. Никој од деветте членови на екипажот не биле повредени.