Птицата кукубару, која живеела во еден парк во Сиднеј, толку се здебелила од колбасите со кои ја хранеле излетниците, што морало да ја стават на принудна диета во зоолошката градина. Имала само 400 грама, а откако започнала да јаде колбаси достигнала тежина од 600 грама.


Овој вид птици воглавно се хранат со гуштери и ситни глувци. Поради својата тежина не можела да лета и станала лесен плен за кучињата во паркот. Била одведена во зоолошка градина каде се наоѓа под посебен третман за слабеење.