Птичјиот грип се прошири врз 55 живинарски фарми во Бугарија, заради што ветеринарните власти наредија уништување на 430.000 парчиња живина од декември до денеска, изјави министерката за земјоделство Десислава Танева. Птичјиот грип се појави кон средината на декември во Бугарија, каде што беа откриени четири случаи на зараза кај дивите патки.

Бугарија веќе потроши милиони левови(511.000 евра) на операции на усмртување на живината и спречување на болеста. Подрачјето на Пловдив на југот на земјата е најтешко погодено од вирусот.

„Над 800 жаришта на птичји грип се откриени ширум Европа од октомври, а најтешко се погодени Германија и Франција“, рече Танева.

OhridNews
извор Макфакс