Пари Сен-Жермен синоќа загуби на домашен терен од Ница (0:0, 5:6 по пенали) во осминафиналето од фудбалскиот Куп на Франција.

Парижаните првпат немаат постигнато гол на овој турнир по 2011 година, кога во финалето загубија од Лил (0-1).

Исто така, ПСЖ за прв пат од 2014 година нема да учествува во решавачкиот натпревар прекинувајќи ја серијата од седум финалиња на Купот на Франција, од кои на шест забележа победа. Ница во следното коло ќе се соочи со Марсеј.