Контролните мечеви на националните селекции му приредија големи главоболки на лидерот во француската Прва лига, Пари Сент Жермен, откако Бразилецот Нејмар и Килијан Мбапе се повредија.

Нејмар се повреди на средбата помеѓу Бразил и Камерун, додека Мбапе на дуелот помеѓу светскиот шампион и Уругвај. Дополнителните прегледи на двајцата фудбалер ќе покажат колкава е сериозноста на повредите.

Ако Нејмар и Мбапе треба подолго од една недела да паузираат ќе биде голем удар за „светците“, бидејќи ги очекува клучна средба во Лигата на Шампиони на домашен терен против Ливерпул.

Избраниците на германскиот стратег Томас Тухел по четири одиграни мечеви имаат една победа, две нерешени средби и еден пораз и со пет бодови се ноаѓаат на третата позиција. Победа им е неопходна на французите во дуелот со англискиот премиерлигаш, кој има шест бодови и ја дели првата позиција со Наполи.

OhridNews