Вечерва во 20.30 во француската прва лига се отвара 25-то коло,а честа ја имаат екипите на ПСЖ и Валенсиенсес.  Наш избор е екпита на ПСЖ и тоа со хендикеп 0:1. ПСЖ вечерва со победа ќе се одели од Монако на табелата со 8 бодови.

Друга причнина за овој избор е тоа што „светците“ оваа година е без пораз на Паркот на Принцовите и имаат дадено 35 голови а примено само 5 во 12 натпревари одиграни дома.

Златан Ибрахимовиќ има постигнато 18 голови од кои 11 се во последните 6 домашни натпревари, а ПСЖ во последните 5 натпревари имаат 3 победи и 2 нерешени натпревари.

Валенсиенсес од друга страна пак се наоѓаат на 18 позиција и играат за опстанок,а во последните 5 натпревари имаат 1 победа,2 нерешени натпревари и 2 порази.

И традицијата е на страна на ПСЖ,  кој во 8 натпревари има 5 победи, 2 нерешени и 1 пораз. Останува да видиме, дали вечерва Златан Ибрахимович и остатокот од екипата ќе го торпедираат Валенсиенсес и ќе се зацврстат на 1-та позиција.

Ohridnews