Пари Сент Жермен во третата рунда од француската Прва лига ја забележа првата победа. „Светците“ со голот  на Јулијан Дракслер во судиското продолжение обезбедија минимален триумф (1-0) и сефте бодови на табелата во францускиот шампионат.

ПСЖ ги заслужи бодовите бидејќи и со девет играчи во поле напаѓаше и креираше шанси. Актуелниот шампион во 64-та минута останаа со фудбалер помалку после црвениот картон на Диало, а во 83-та се повреди Бернат. Во меѓувреме Тухел ги искористи измените и ПСЖ мечот го заврши со девет фудбалери. Награда за борбеноста стигна во 93-та минута кога Германецот погоди со глава и донесе триумф.

Во претходните две рунди ПСЖ претрпуваше порази без да постигне погодок.

OhridNews