Францускиот клуб Пари Сент Жермен, посакува и подготвен е да ја плати откупната клаузула на Мауро Икарди во висина од 70 милиони евра која Интер ја има поставено во договорот со аргентинскиот фудбалер.
Икарди во редовите на „светците“ се пресели во последниот ден од летниот преоден рок како позајмен фудбалер од Интер. Со игрите и погодоците, Аргентинецот ја оправда довербата, а ПСЖ сака експресно да ја реши неговата иднина и да донесе соодветна замена за Едисон Кавани, кој ќе го напушти Париз.
Но пречка или пак проблем во реализација на трансферот (ќе) претставува Ванда Нара, сопруга и агент на Мауро Икарди. Ванда Нара добрата форма на Икарди сака да ја искористи за евентуален трансфер во Реал Мадрид или Јувентус.
Преселба во Јувентус е неостварената желба на Ванда Нара, додека „кралевите“ се секогаш атрактивни и примамливи за секој фудбалер. Ванда Нара одново ќе го има главниот збор во кој правец ќе се одвива кариерата на Икарди.
OhridNews