Спортскиот директор на Пари Сен-Жермен, Леонардо соопшти дека клубот нема да му застане на патот на Килијан Мбапе кој изрази желба да замине во Реал. Единствен услов е шпанскиот клуб да ја плати сумата за предвремен раскин на договорот.
Килијан Мбапе сака да замине во Реал Мадрид, и ние нема да го држиме. Ја одбивме првата понуда на Реал Мадрид, но доколку се исполнат нашите услови, ќе се реализира трансферот. Не планираме повторно да разговараме со Реал за овој случај. Преодниот рок се затвора на 31 август на полноќ. Но, ние нема да го пуштиме да оди за помалку пари отколку што му плативме на Монако за него. Никогаш не планиравме да го продадеме. Никогаш. Но, ако играчот сака да замине, тогаш може под наши услови, истакна Леонардо.
Претходно, француските медиуми објавија дека ПСЖ одби да го продаде Мбапе на Реал за 160 милиони евра. Оваа сезона, 22-годишниот играч одигра три натпревари за ПСЖ и постигна еден гол и две асистенции.
OhridNews