Дрим тимот на Пари Сент Жермен нема намера да се откаже од Лигата на Шампиони, иако, француските власти забранија спорт и јавни собири во земјата до 1 септември.
„Светците“ го прифатија завршувањето на сезоната во Франција, но веднаш побараа резервна солуција за мечевите од ЛШ. Ако треба, парижани натпреварите ќе играат во странство на неутрален терен, само да ја завршат сезоната во ЛШ. Ваквата одлука ја соопшти првиот човек на клубот, Насер ел Келафи.
Ја почитуваме одлуката на француската влада и планираме да продолжиме со натпреварувањето во Лигата на Шампионите во соработка со УЕФА, каде и да се играат мечевите. Ако не е можно во Франција ќе играме на друго место каде што ќе биде најбезбедно за нашите фудбалери. – изјави Ел Келафи.
ПСЖ во пролетната етапа од ЛШ успеа да го помине осминафиналето елиминирајќи го составот на Борусија Дортмунд.
Со проблем покрај ПСЖ се соочува и Лион. Екипата исто така се натпреварува во ЛШ. Лион во првиот осминафинален натпревар со 1-0 го совлада Јувентус. Реваншот требаше да се одигра во Торино.
OhridNews