Напаѓачот Килијан Мбапе би требало да биде во составот на ПСЖ за денешниот прв осминафинален натпревар против минхенски Баерн во Лигата на шампиони, најави синоќа тренерот на францускиот првак Кристоф Галтие.

Само до пред неколку денови беше речиси извесно дека повредениот Мбапе нема да биде подготвен, но рехабилитацијата се одвивала многу побрзо од очекуваното и најверојатно францускиот репрезентативец ќе му биде на располагање на Галтие за дуелот кој е на програмата вечерва од 21 часот во Париз.

Во неделата работеше индивидуално, а во понеделникот тренираше заедно со соиграчите. Изгледа добро, но за сè ќе одлучиме во последен момент, најави Галтие.

OhridNews