Францускиот фудбалски шампион Пари Сен-Жермен подготвува понуда од 12 милиони евра годишно за тренерот Зинедин Зидан.
Според бордот на директори на парижаните, само 49-годишниот Французин може да ја среди состојбата со тимот која е далеку од сјајна.
„Foot Mercato“ објави информација дека на Зидан му била понудена многу висока плата за да премине во ПСЖ.
Оваа сума ја надминува платата на сегашниот тренер Маурисио Покетино, кој добива осум милиони евра годишно, па дури и повеќе од 12 милиони годишно, кои Зидан ги добиваше во Реал Мадрид.
OhridNews