Од трансфер на Нејмар во Реал Мадрид од ПСЖ ништо не бидна, но двете екипи најдоа заеднички јазик за размена на голманите. Во Мадрид се пресели Алфонсо Ареола, додека во правец за Париз замина Кејлор Навас.

Чилеанскиот голман со „светците“ потпиша четиригодишен договор, а Ареола тековната сезона ќе ја помине на позајмица со опција за откуп. Навас во ПСЖ ќе биде прв избор после заминување на триото Ареола, Џиџи Буфон и Кевин Трап а Ареола за место на Сантијаго Бернабеу ќе се бори со Тибо Куртоа.

Навас во Мадрид се пресели пред пет сезони од Леванте и активно учествуваше во освојувањето на титулите во Лигата на Шампиони, Ла лига и Светското клупско првенство.

OhridNews