Екипата на Барселона го официјализираше договорот со големата фудбалска надеж на Холандија, Френки де Јонг. Тој во редовите на Барселона ќе се пресели од Ајакс. Холандскиот клуб за трансферот ќе инкасира 75 милиони евра плус дополнителни бонуси.

Каталонците во трката за потписот на еден од најталентираните фудбалери ги победија Манчестер Сити и Пари Сент Жермен. Барселона во трансферот на Де Јонг ја искористила блискоста со Ајакс. Двата клубови ги врзува прославениот холандски фудбалер Јохан Кројф.

21-годишниот фудбалер официјално на Барселона ќе и се придружи на 1 јули кога започнува летниот преоден рок, а до тогаш ќе биде дел од Ајакс.

Како што стојат работите Барселона ќе го договори и Адријан Рабиот кој моментално е во немилост во ПСЖ, а се шпекулира и со дефанзивецот на Тулуз, Жан Клер Тибодо.

OhridNews